Радио Кочани
Кочани

В петок, 8 мај – Генералка викенд во Кочани

211

Општина Кочани, во соработка со училишта и невладини организации, в петок, 8 мај, со почеток од 9 ч., ќе спроведе активности за собирање и селектирање отпад на четири локации, во рамките на националната акција Генералка викенд.

Ќе се расчистува расфрланиот отпад во околината на Градскиот стадион „Никола Мантов“ – кај Градскиот базен, во населбата Тикешински Лозја – кај маркетот „Супер Кит-го“, во околината на „АСНОМ“ и во месноста Бавчалук.

Координирани од комуналните служби на Општина Кочани, во Генералка викенд ќе бидат вклучени училиштата „Св. Кирил и Методиј“, „Раде Кратовче“,  „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“, граѓанските здруженија „Академија“, „Креатори на иднината“ и Ротари клубот Кочани-Виница.

Собраниот и селектиран отпад од оваа акција ќе биде измерен и соодветно депониран од КЈП „Водовод“ – Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio