Радио Кочани
Кочани

Реализирана првата фаза од авиопрскањето против комарци во Кочани и Кочанско

161

Утрово, на територијата на општина Кочани e реализирана првата фаза од авионското третирање против комарци.

Активностите ги спроведоа стручни екипи на Друштвото за воздушен транспорт „Аероклуб“ – Скопје, со поддршка од Општина Кочани.

Третманот е извршен со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицидодобрен од надлежното Биро за лекови.

Со реализацијата на оваа мерка, Општина Кочани ги продолжува активностите насочени кон превенција и заштита на јавното здравје во летниот период, во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести и во рамки на спроведувањето на превентивната систематска дезинсекција.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio