Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вознемирување, навреди и притисок: Пријавен случај на психичко насилство врз дете во Кочани
На 25.03.2026 во 15:40 часот во ОВР Кочани, 42-годишна жена од Кочани пријави дека подолг временски период, врз нејзината малолетна ќерка е вршено психичко насилство од нејзина соученичка, а подоцна се приклучиле и други малолетници.
Според пријавеното, на социјална мрежа имало група во која со други малолетнички ја навредувале и омаловажувале нејзината ќерка, која често и телефонски била вознемирувана, а како последица на тоа нејзината ќерка повремено имала и здравствени проблеми и ѝ била укажувана помош. Како што е пријавено, таа ја известила и мајката на другата малолетничка, а за проблемот разговарала и со класниот раководител и педагошко-психолошката служба во училиштето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
