Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На влезот во Истибања приведени две лица од Кочани, во „субару“ пронајдена бела прашкаста материја
На 09.07.2026 во 23:55 часот на влез во с.Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј.(25) и А.Л.(41), двајцата од Кочани.
При преглед на патничко возило „субару“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое бил и А.Л., во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
