Радио Кочани
Кочани

На подрачјето на ОВР Кочани физичка пресметка помеѓу две лица и одземање мотоцикл поради возење без возачка дозвола

919

Секторот за внатрешни работи од Штип информира за два настана што се случиле на 14 – ти овој месец на територијата што ја покрива ОВР Кочани.

Во првиот случај станува збор за нарушување на јавниот ред и мир во селото Спанчево, Општина Чешиново – Облешево. Имено, во 11, 30 часот во ОВР Кочани било.пријавено дека во споменатото село по претходна  вербална расправија , дошло до физичка пресметка помеѓу  51-годишната Ж.М и Т.А (48)  двајцата од с. Спанчево.  По целоцно  документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Во вториот случај, полициски службеници од ОВР Кочани  го лишија од слобода Н.П, ( 49)  од Кочани, откако тој, управувајли  мотоцикл со кочански регистарски ознаки на ул. „Теодосија Паунов“ бил сопрен и при тоа било констатирано дека не поседува возачка дозвола.

По  насоки на јавен обвинител мотоциклот е одземен и по документирање на случајот,  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio