Радио Кочани
Кочани

Костадиновски: Реализираме неколку инфраструктурни проекти во Истибања

148

Општина Виница денеска  започна со подготвителни активности за поплочување на две улици во Истибања и за изградба на тротоар на влезот од селото. Нешто подоцна, најавуваат од Општинатата,  ќе продолжи поплочувањето на повеќе помали и потесни улици во градот и во неколку населените места.

-Финансиските средства за овој проект во висина од 5,7 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Виница, информира градоначалникот Митко Костадиновски.

Исто така во Истибања, додава тој,  одлична е динамиката и на изградбата на уште еден капитален проект – Регулација на „Кајанечки дол“ во должина од околу 870 метри, во кој е вклучена изградба на 2 патнички и 3 пешачки моста.

Ова инвестиција, според градоначалникот на Општина Виница Митко Костадиновски, достинува  вредност од 19,5 милиони денари, средства обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање, преку владиниот повик за инфраструктурни проекти.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio