Радио Кочани
Кочани

На денешен ден – 4 февруари (Гоце Делчев, 154 години од неговото раѓање), вечна слава на херојот!

367

1872 година во Кукуш е роден Гоце Делчев, еден од најголемите македонски национални херои, апостол и срцето на револуционерна Македонија. Тој беше идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Делчев својот живот го посвети на борбата за слободна, самостојна и обединета Македонија. Неговата визија беше Македонија да биде држава во која сите народи ќе живеат рамноправно и слободно. Со неуморна енергија патувал низ македонските краишта, создавајќи револуционерна мрежа, зацврстувајќи ја организацијата и подготвувајќи го народот за слобода.

На 3 мај 1903 година, по пристигнувањето на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ во селото Баница, Серско, селото било опколено од османлиската војска. Во нерамноправната борба, утрото на 4 мај, загинал Гоце Делчев бескомпромисен борец, чиј живот згасна, но чија идеја за слободна Македонија остана вечна.

Гоце Делчев не е само историска личност тој е симбол на македонската борба, достоинство и стремеж кон слобода. Неговото име и денес живее во срцата на Македонците како светилник на револуционерната мисла и националната самосвест.

Вечна слава!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio