Радио Кочани
Кочани

МВР отвори истрага по објавувањето на ПорталX за командирот Миленковски

264

Министерството за внатрешни работи соопшти дека започнало истрага во врска со користењето на службеното возило од страна на командирот на ПС Кочани, Горан Миленковски – Спенсер.

Случајот стана јавен по објавувањето на ПорталX, според кое на 12 декември Миленковски бил фотографиран додека го користел службеното возило за да присуствува на приватна забава и го паркирал пред ресторан.

Не станува збор за полициска интервенција или итен случај, туку за приватна активност.

Според достапните информации, службеното возило му било на располагање на командирот поради привремената должност во Кочани, за да се избегнат трошоците за патување Скопје–Кочани–Скопје.

Сепак, правилата на МВР предвидуваат дека по завршување на смената возилото треба да се врати во најблиската полициска станица според местото на живеење и не смее да се користи за приватни потреби.

Паркатањето на тротоар претставува прекршок на правилата за сообраќај и на внатрешните правила на МВР.

ПорталX постави конкретни прашања до МВР за случајот, барајќи да се појасни кој дал наредба за користење на службеното возило, целта на патувањето и дали се констатирани прекршоци.

МВР реагираше со соопштение:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности за утврдување на околностите и за расчистување на случајот.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio