Радио Кочани
Кочани

„Винил берза Кочани“ по шести пат ги обедини љубителите на музиката

115

Љубителите на винил плочите и добрата музика уште еднаш имаа можност да уживаат во уникатна атмосфера на шестото издание на „Винил берза Кочани“, настан што ќе  одржа вчера во Irish Pub Guinness на спратот во Трговскиот центар блок Б во Кочани, истовремено со одбележувањето на Петровден, празникот на градот.

Случувањето и овој пат имаше интернационален карактер, понуди богата колекција на  винил изданија, дружење и музика за сите генерации. Во Кочани се појавија дваесетина колекционери на физички носачи на звук – грамофонски плочи, касети  и цедеа од Македонија и Србија.

Посебна карактеристика на овој веќе традиционален интернационален саем на винили е што самите изложувачи се претставија и како диџеи, со  што  создадоа дополнително музичко доживување за посетителите.

Според организаторот, Тошо Филиповски, „Винил берза Кочани“ прераснува во препознатлив урбан настан за љубителите на аналогниот звук и музичката култура, со што  се потврдува дека страста кон винилите и понатаму живее меѓу вљубениците во музиката во републиката и во градот Кочани.

 

 

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio