Радио Кочани
Кочани

Во ЦК „Бели мугри“ – промовирана книгата „Јас ќе одам, ти пишувај“, отворена изложба на фолклрни инструменти и носии, вечерва фолкорен концерт

27

Со промоција на книга и изложбена поставка од фолклорни инструменти и народни носии што се оодржаа синоќа, Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани го навести доаѓањето на Петровден, празникот на градот.

Најпрвин, во фоајето на приземјето   беше промовирана книгата „Јас ќе одам, ти пишувај, авторски труд на Ружа Пачаџиева, педагог, родена  кочанчанка, која работниот век го има поминато во Скопје.

Книгата е посветена на Андреј Стојанов, 25 – годишно момче, една од 63 – те жртви во пожарот во „Пулс“ . Како што вели авторката, посветена е и на сите што го загубија животот во кобната ноќ на 16 март 2025.

Според рецензентот, професорот д -р Људмил Спасов, книгата „Јас ќе одам, ти пишувај“ не е само книжевн дело, таа е сведоштво за болка што не може да се избршише.

-Таа не потсетува дека зад секоја бројка  стои име, зад секое име-живот, а зад секој живот – љубов што продолжува да постои.

На промоцијата  присуствуваа гости, пријатели  на пишаниот збор и родители  и членови  на семесјтвата на починатите.

Веднаш после овој настан, во малата сала на Националната установа од Кочани беше отворена изложбената поставка од традиционални фолклорни инструменти и народни носии од етно колекцијата на ЦК „Бели мугри“, чиј оркестар на изворна народни песни и ора имаше свој краток настап.

Програмата за одбележување на Петровден, празникот на Кочани, ЦК „Бели мугри“ ја завршува вечерва со дефиле фолклористи низ градот и фолклорен концерт насловен „По Јановден пред Петровден, на конак во Кочани“.

Концертот ќе се одржи на Летната сцена со почеток во 19 часот. Најавено е учество на десетина фолклорни ансамбли од Македонија и Србија.

и

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio