Радио Кочани
Кочани

Јорданчо Костадинов: Поддршката за земјоделците во Чешиново-Облешево продолжува

265

 

Во општина Чешиново-Облешево денеска се одржа средба со жителите, на која кандидатот за градоначалник Јорданчо Костадинов и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трифуновски ги слушнаа нивните предлози и потреби за понатамошен развој на општината.

 

Преку заедничка соработка меѓу локалната и централната власт, ќе се овозможи натамошен напредок на општината, со посебен акцент на поттикнување на земјоделството – главната економска гранка во регионот.

 

Трипуновски истакна дека поддршката за земјоделците продолжува континуирано и дека веќе се реализирани повеќе мерки: јавен повик за кофинансирање на набавка на комбајни за ориз и мобилни сушари, обезбедување вода за сеидба, навремена исплата на субвенциите, како и продолжување на интервентната мерка од 6 денари по килограм ориз до 1 септември 2025 година.

Исплатата ќе се реализира по завршувањето на изборниот процес.

 

Дополнително, набавката на оризова арпа за стоковните резерви, која е од големо значење за оризопроизводителите, ќе биде спроведена по завршувањето на локалните избори.

 

На средбата беше потенцирано дека само преку здружени напори може да се обезбеди стабилен и одржлив развој на Чешиново-Облешево, со реализација на проекти кои директно ќе го подобрат животниот стандард на жителите.

 

Локалните избори ќе се одржат, во недела 19 октомври, кога граѓаните ќе имаат можност да го направат, како што рече Костадинов, „вистинскиот избор“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio