Радио Кочани
Кочани

Здружението на слепи и слабовидни лица од Кочани денеска го одбележува Меѓународниот ден на белиот стап

261

 

По повод 15 октомври, Меѓународниот ден на белиот стап, симбол на независноста и слободата на движење на слепите лица, Здружението на слепи и слабовидни лица од Кочани денеска одржа прес-конференција во Паркот на револуцијата.

На настанот се обратија Тоше Илиев и Душан Граовац, активни членови и застапници на правата на лицата со оштетен вид.

Во своите излагања тие упатија јасна порака за потребата од подобрување на условите за живот и движење на оваа категорија граѓани.

Меѓу барањата кои беа истакнати на прес-конференцијата, се издвојуваат: Прилагодување на јавниот простор за безбедно движење на слепи и слабовидни лица (тактилни патеки, звучни семафори), како и поголема инклузивност во институциите и јавните услуги.

Од кочанското здружение истакнаа дека и  понатаму ќе продолжат со активности за унапредување на правата и условите за живот на слепите и слабовидните лица во општината.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio