Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Гостин на Општина Зрновци и и градоначалникот Борчо Коцев беше заменик министерот на министерството за социјална политика демографија и млади, Ѓоко Велковски при што беше разговарано за позитивните политики на најмалата Локалната самоуправа во Македонија, во рамките на социјалната сфера, помош на пензионерите, стари и изнемоштени лица, а најголемиот акцент секако е ставен врз развојот на децата и младите.

Во тој контекст е поддршката на министерството за доградба на ДГ „Бисерчиња“ и изградбата на дом за стари лица.
Еве парче од обраќањето на заменик министерот Велковски.
