Радио Кочани
Кочани

Зрновци: 150 учесници трчаа на урбано-ридскиот крос „Младите трчаат“ во чест на Васе Ангелов

786

Околу 150 натпреварувачи од сите возрасни групи учествуваа на петтиот традиционален урбано-ридски крос „Младите трчаат“ во чест на прерано починатиот жител на општина Зрновци, Васе Ангелов.

Се трчаше на патеки долги два и четири километри, од мултинаменското спортско игралиште на влезот во Зрновци, потоа низ улиците во општината, при што крајната цел беше повторно игралиштето што го носи името на  Васе Ангелов.

Настанот беше во организација на Општина Зрновци и Локалниот младински совет.

Заклучокот на градоначалникот Ванчо Митев и на претседателката на Локалниот младински совет, Божица Бошкова е дека натпреварувачите успешно ја истрчале патеката и ја остварија заложбата на локалната самоуправа на Зрновци за традиционално одржување на манифестацијата.

Денеска, Општина Зрновци и Локалниот младински совет по петти пат традиционално го одржа урбано-ридскиот крос „Младите трчаат“.  Имаше пријавен околу 150 учесници. За разлика од минатите години, сега имаме направено една мала измена, кросот е поделен во две категории, а се трчачаше на две различни делници, истакна градоначалникот на општина Зрновци, Ванчо Митев.

 

Трката помина одлично без никакви проблеми, при што учесниците трчаа на два и четири километри. Ние како Локален младински совет се залагаме за понатмошна релизација на вакви активности, исткана Божица Бошкова, претседател на Локалниот младински совет.

Целта на настанот  е промовирање на спортувањето меѓу младите во Зрновци, како и чување на споменот на  Васе Ангелов.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio