Радио Кочани
Кочани

Бронза за Павлев на Балканијадата во Романија во конкуренција на борачи до 15 години

161
Дарјан Павлев го освои 3-то место во категоријата до 68 кг на Балканското првенство во борење слободен стил  во конкуренција на натпреварувачи до 15 години, што се уште се одвива во Клуж, Романија (06–12.10.2025).

Ова е прв медал по речиси десет години за натпреварувач на БК „Спартак“ од Кочани освоен на поголемо меѓународно натпреварување.

Во 1/8 финале, Дарјан славеше победа против Албанецот, Доменико Дуниша, во 1/4 финалето беше поразен од Бугаринот, Петко Саракостов. Во репасаж брбите, забележа сигурна победа против Романецот Стефан, Андреи Станила.
Во борбата за бронзениот медал, Дарјан победи со туш уште еден Романец, Абел Кашко!

Пред Балканското првенство Дарјан имаше неколку повреди, меѓу кои и фрактура на прст на раката, сепак, тој со својата истрајност и упорност, со неверојатна решителност успеа да донесе бронзен медал во Македонија.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio