Радио Кочани
Кочани

Тодоров од „Сакам живот во Кочани“ најави повеќе проекти за заштита од пожари

170

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кочани, Зоран Тодоров, на прес конференција им се обрати на граѓаните зборувајќи за заштитата од пожари, тема што, рече, е дел од неговата и од програмата на неговата независна советничка листа, која настапува на локалните избори со идејата „Сакам  живот во Кочани“.

– На темата противпожарна заштита имаме сеопфатни решенија, план и програма. Како прво, а дел од проектот „Безбеден град“, поставување  сензори против пожар во сите јавни објекти и на места кои се клучни и кадешто очекуваме и е можно да се појави пожар. Не само во објектите туку и во околината на градот да се постават термални камери што ќе имаат автоматско алармирање за почеток на пожар и ќе може да се алармира кај пожарникарите, нагласи Тодоров пред новинарите.

Потоа, тој најави формирање Регионален центар за тренинг на пожарникари, обезбедување адекватни услови за заштита од пожар во сите училишта, со сензори хидранти и се што е потребно децата да бидат безбедни. Предлага во училиштата да се воведе предмет преку кој учениците ќе се запознаат со начинот на справување со пожари.

Според него, потребно е да се набават дронови кои ќе детектираат пожари, да се зголеми капацитетот на противпожарната  единица со вработување по двајца пожарникари од соседните општини и тие општините да ги плаќаат новите пожарникари.

-На  адекватен начин ќе соработуваме со сите фондови, фондации и странски партнери за набавка на нови возила, опрема и иновативни решенија заедно со нашите пожарникари херои, порача на денешната прес – конференција, Зоран Тодоров, независен кандидат за градоначалник на Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio