Радио Кочани
Кочани

Општина Зрновци набавува нова комунална механизација во вредност од 5,5 милиони денари

309

 

Општина Зрновци ќе добие нова современа комунална механизација за летно и зимско одржување на локалната патна инфраструктура, со вкупна вредност од 5,5 милиони денари. Договорот за набавка е веќе потпишан, со што се најавува значително подобрување на условите за одржување на улиците и јавните површини во општината.

Според информациите, механизацијата вклучува:

* Трактор со над 100 коњски сили, со кабина и предни полуги
* Мултифункционална хидраулична рака за вертикално и хоризонтално мулчирање
* Кастрачка за гранки
* Приколка со носивост од 6 тони
* Даска за снег

Оваа инвестиција има за цел да ја зголеми ефикасноста при комуналните активности и да обезбеди побрзо и поквалитетно одржување на улиците, особено во зимски услови. Дополнително, се очекува подобрување на хигиената и уреденоста на јавните површини, како и зголемена безбедност на патиштата во текот на целата година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio