Радио Кочани
Кочани

Заврши програмата за млади во Кочани „Лето во друштво“

177

Со изложба на фотографии од одржаните настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата „Лето во друштво“.

Ниедна помош во овој период нема толку силно значење како што е оваа, од Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, кој претходните две недели им се посвети на младите и на нивното закрепнување по трагедијата што ни се случи во Кочани. Нашиот главен фокус е кон луѓето, нашите напори се насочени кон младите, на кои им треба креативно канализирање на нивната енергија – рече пред присутните в. д. градоначалникот Венко Крстевски.

Изразувајќи благодарност кон сите учесници на настаните и на волонтери од Локалниот младински совет – Кочани, претставниците на „Малинска“ им доделија сертификати.

Лина Ќостарова-Унковска, директорката на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, истакна дека замислата на програмата „Лето во друштво“ е поврзувањето на луѓето, поддршка во процесот на заздравување со настојување тагата по загубените во трагедијата да се трансформира во надеж.

Настанот во Градскиот парк заврши со ритуал во сеќавање на починатите во несреќата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio