Радио Кочани
Кочани

Јован Манев  – се пресели во српската Суперлига

541

Кочанчанецот Јован Манев од оваа сезона ќе го гледаме во дресот на српскиот прволигаш Нови Пазар. Тој доаѓа како позајмен фудбалер од хрватскиот тим Ријека, каде што не доби доволно простор за игра.

Според договорот меѓу двата клуба, Нови Пазар ќе има можност да го откупи договорот по завршувањето на сезоната, доколку Манев ги оправда очекувањата на тренерскиот тим.

Овој трансфер го прави Нови Пазар шеста станица во кариерата на 23-годишниот дефанзивец, по настапите за Осогово, Брегалница, Осијек, Адана Демирспор и Ријека.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio