Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Додека повеќето деца уживаат во летниот распуст, најталентираните ученици по информатика од нашата земја интензивно се подготвуваат за претстојните меѓународни олимпијади. Тие се иднината на дигиталниот свет и дел од националните тимови по информатика, кои оваа недела се на подготовителен камп на Пониква, во хотел „Изгрев“, организиран од Здружението „Бистри умови“ и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).
Денес тие ја посетија компанијата „Мак Прогрес – Винчини“, каде ги очекуваше едно поинакво и незаборавно доживување:
сами ги приготвија своите тортини,
го посетија Едукативниот центар,
ги разгледаа производствените погони и одблиску ја видоа магијата на производството – од првата состојка до финалниот производ.
„Мак Прогрес – Винчини“ не е само производител на чоколади и слатки – таа е приказна за поддршка, верба и пријателство. Веќе две години е верен спонзор на „Бистри умови“ и ЗИМ, обезбедувајќи производи за младите информатичари и придонесувајќи тие да имаат сила, енергија и инспирација да освојуваат медали за нашата земја.
Ваквите средби им даваат на младите не само знаење и искуство, туку и порака дека големите компании веруваат во нивниот талент и иднина.
Кога поддржуваш млади умови – инвестираш во иднината на целата држава.

