Радио Кочани
Кочани

Повик за учество на Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2026

63

Во пресрет на петровденските празнувања, Општина Кочани и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, за што распиша јавен повик за фудбалските екипи, кои најдоцна до 19 јуни 2026 година треба да се пријават за учество на турнирот 

Екипите треба да уплатат котизација во износ од 3 000 денари на сметката: 210041087870107 – депонент НЛБ банка, ОФС – Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.

Пријавите може да се земат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.

Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации може да се добијат од Столе Тошев, на телефонскиот број 078 294 073.

Првата награда на најуспешната екипа на турнирот ќе биде во износ од 60 000 денари, втората од 30 000 и третата во износ од 15 000 денари.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio