Радио Кочани
Кочани

На 15 август стартува ВМФЛ за сезоната 2026/2027

28

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август, кога ќе се одиграат натпреварите од првото коло.

Според пропозициите, првопласираната и второпласираната екипа директно ќе обезбедат пласман во Првата лига, додека третопласираниот тим ќе игра бараж со осмопласираниот состав од елитното друштво.

Последните три екипи на табелата ќе испаднат директно во Третата лига.

Во воведното коло, Беласица на домашен терен ќе го пречека Осогово, а Детонит Плачковица ќе гостува кај ланскиот прволигаш Шкупи.

Поранешниот прволигаш Работнички ќе се соочи со Кожуф.

Пелистер, кој минатата сезона испадна од Првата лига, ќе биде домаќин на новиот второлигаш Камјани. Брера

Струмица ќе игра против новиот член на Втората лига, Еуромилк ГЛ, Охрид ќе се сретне со Новаци, додека Македонија Ѓорче Петров ќе го пречека Тетекс.

Во есенскиот дел од сезоната се предвидени 13 кола, а последното ќе се одигра на 28 ноември, по што следува зимска пауза.

Во пролетниот дел ќе бидат одиграни уште 13 кола, со што сезоната ќе биде комплетирана со вкупно 26 првенствени кола.

РАСПОРЕД:

Screenshot

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне
Kocani Radio