Радио Кочани
Кочани

Започнува 46. издание на младинскиот фудбалски турнир во Подлог – Пријавени 8 екипи

625

 

В недела, фудбалскиот терен во  Долни Подлог  повторно ќе биде центар на младинскиот спортски дух, каде ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал, кој годинава одбележува 46 години постоење.

Турнирот е една од најдолговечните спортски настани во регионот, а годинава учество ќе земат осум екипи составени од млади и надежни фудбалери.

Натпреварите ќе се одвиваат во вечерните часови, спортскиот настан го отвораат екипите на „Горни Подлог и „Долни Подлог“, а влезот за публиката ќе биде слободен.

Организаторите најавуваат динамични и возбудливи натпревари, фер-плеј атмосфера и бројни моменти кои ќе се паметат.

Настанот и оваа година е финансиски и логистички поддржан од страна на Општина Кочани, која ја потврдува својата поддршка за младинскиот спорт.

„Ова не е само турнир, туку 46-годишна традиција што ги обединува младите, спортот и заедницата. Благодарни сме на Општината за континуираната поддршка,“ – изјавија организаторите

Сите љубители на спортот и фудбалската игра се поканети да присуствуваат и да ги поддржат младите спортисти кои со својата енергија и посветеност го одржуваат овој спортски настан жив речиси пет децении.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio