Радио Кочани
Кочани

ЛАГ „Брегалница“ со панел-дискусија и концерт во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“

479

 

Здружението за рурален развој Локална Акциона Група „Брегалница“, се приклучува кон летната програма за млади „Лето во друштво“, во организација на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, со поддршка од Општина Кочани, Локалниот младински совет и „Сапорт Кочани“.

Како дел од активностите, ЛАГ „Брегалница“ – Зрновци, со поддршка на Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година, ќе реализира едночасовна панел-дискусија на тема: „Приоритети за подобар квалитет на живот во Кочани“.

Настанот ќе се одржи утре, сабота, 16 август 2025 година, со почеток во 20:00 часот, на Споменикот на слободата во Кочани. Симболично, настанот е посветен на одбележување на пет месеци од трагичниот настан што ја потресе целокупната јавност.

Вечерта ќе биде заокружена со музички настап на алтернативниот бенд „Без Памет“, составен од Биле Митевска (гитара), Ања Цесар (вокал), Драган Петров (бас) и Славе Јорданов (тапани).

Придружете ни се во спомен на оние кои никогаш не ги напуштаат нашите мисли и срца. Да ги споделиме љубовта, тагата, надежта и визијата за заедничка иднина.“

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio