Радио Кочани
Кочани

ВМРО-ДПМНЕ во посета на Зрновци: Разговори со граѓаните и презентација на идни проекти

562

Во рамките на теренските активности, претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја посетија општина Зрновци и околните населени места. Меѓу нив беше и портпаролката на Владата на Република Македонија, Марија Митева, како и други високи функционери од партијата.

Тие заедно со актуелниот, а воедно и иден кандидат за градоначалник, Борчо Коцев, остварија средби со локалното население. Разговараа за досега реализираните проекти, актуелните проблеми со кои се соочуваат жителите, како и за плановите и проектите што би се реализирале доколку Коцев ја добие поддршката на следните избори.

Во вечерните часови, на Плоштадот „Свети Димитрија“, беше организирана културна вечер со изведби на народни традиционални инструменти и македонска изворна музика, со цел да се зачува и промовира македонското културно наследство.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio