Радио Кочани
Кочани

( видео) Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани – Вечерва на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ втора проекција

463
На Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва следува втората проекција на филм од Патувачкото кино на МакеДокс, Фестивал на креативен документарен филм. Името на флмот што ќе биде прикажан сеуште не е познато. Организаторот, изборот го прави според публиката и нејзината возраст..

– Имаме подготвено поголема селекција на филмови што биле прикажувани на минатите изданија на МакеДокс. Програмата не ја правиме во стилот – кој ден кој филм ќе прикажуваме, туку на самото местоодлучуваме  според тоа каква публика ќе дојде, деца, помлади или повозрасни, информираше Сара Ферро од Здружението за промоција на документаристика МакеДокс.
Синоќа беше прикажан првиот филм, „Со љубов“, на режисерот Илија Цветковски, и имаше пристојна посетеност.
Патувачкото кино на МакеДокс ќе биде во Кочани на летната сцена на ЦК „Бели мугри“ секоја вечер до 20 ти јули. Единствено, сабота, 19 – ти јули, ќе помине без филм
Проекциите започнуваат во 21 часот.
Патувачкото кино на МакеДокс е подржано од Агенцијата за филм. а неговото гостување во Кочани се реализира во соработка со ЦК „Бели мугри“, Општина Кочани и СапортКочани
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio