Радио Кочани
Кочани

Градежен бум во Општина Чешиново-Облешево: Започнуваат инфраструктурни зафати

1,490

Во Општина Чешиново-Облешево следува период на интензивни градежни активности, како дел од проектите за унапредување на локалната инфраструктура.

По одобрувањето на проектите од страна на Владата, во тек е изборот на компании кои ќе ги изведуваат градежните работи во повеќе населени места во општината.

Меѓу главните проекти се реконструкцијата на улиците „Гичо Стојчев“ и „Трајан Мицков“ во село Кичино, дел од улицата „Јоаким Крчовски“ и режимот на сообраќај на улицата „Маршал Тито“ во село Облешево, како и реконструкцијата на улицата „Прохор Пчински“ во село Чифлик.

Дополнително, планирана е реконструкција на улицата „1-ви Мај“ во село Спанчево и изградба на систем за одводнување на отпадни води во село Соколарци – втора фаза.

Овие проекти се реализираат преку јавниот повик за финансирање на инфраструктурни зафати за поддршка на општините, кој го спроведува Владата. Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов, потенцира дека овие активности ќе значат подобрување на условите за живот и работа во општината.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio