Радио Кочани
Кочани

Владата одобри средства за изградба на Дом за стари лица и за атмосферска канализација во Кочани

396

Со средства од унгарскиот кредит на Владата, во Кочани ќе се градат Домот за стари лица и атмосферска канализација.

–  Веднаш по стапувањето на функцијата в. д. градоначалник на Општина Кочани имав краток рок да одговорам на повикот на Владата за користење средства за капитални дотации.  Во тој период од Општината беа подготвени 10 проекти за апликација, од кои дел беа заробени во нецелосна документација. Благодарение на ажурноста на општинските служби,  успеавме да подготвиме нова апликација, со која му дадовме примат на Домот за стари лица, избирајќи го како капитален проект за Кочани. Од претходно подготвените проекти побаравме изведба на атмосферска канализација – објаснува в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.

Со одлука на Владата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти  од областа на социјалната политика, демографија и млади, објавена во „Службен весник“, за изградба на Дом за стари лица во Кочани се одобрени 199.845.159 денари, од кои за реализација во 2025 година – 35 милиони денари.

Владата со одлука одобри за 2025 година 4. 243.827 денари, од вкупниот одобрен износ од 62.530.446 денари за изградба на атмосферска канализациска мрежа  во Кочани, северно од  фабриката „Руен“ и изградба на неколку канализациски краци.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio