Радио Кочани
Кочани

Малолетничка е тешко повредена при судир меѓу два мопеда во Чешиново-Облешево

2,473

Малолетничка е тешко повредена, а 20-годишник полесно при сообраќајка на патот Чешиново-Облешево.

– На 25.06.2025 околу 22.10 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на патот Чешиново-Облешево во близина на место викано „Чифлички бунари“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед управуван од З.М.(20) од село Крупиште, штипско, и мопед управуван од 17-годишна малолетничка од село Лески, виничко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил З.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio