Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Koчанчанецот Павлев беше на чекор до борба за бронзениот медал на Европското првенство во Креоле
Даријан Павлев беше на чекор да се избори за борба за бронзениот медал на Европското првенство во борење за У-15 во Креоле, Италија. Павлев во рамноправна борба во репасажот загуби од Раин Тигас од Естонија.
Даријан покажа напредок и добри настапи. Се бореше до крај и не дозволи противниците да бидат супериорни и да слават со технички нокаут, туку секогаш даваше се од себе. Така, со правилен тренажен процец и вложување во него, може да добиеме надежен борач кој ќе одговара на сите предизвици.
Попладнево Абудл Азиз Азизи (52 кг) се бори за бронзен медал на Европското првенство со исклучително тежок противник Казманбет Батиров (УВВ). Но, Азизи покажа дека може да се носи и со најголемите имиња во овој спорт
Европско првенство У-15:
62 кг
Даријан Павлев – Арнас Збормиркис (Литавнија) 8-5
Даријан Павлев – Махмад Хасанли (Азербејџан) 2-7
Репасаж
Даријан Павлев – Раин Тигас (Естонија) 6-8
52 кг
Абдул Азиз Азизи – Тимотеј Мерта (Словачка) 10-0
Абдул Азиз Азизи – Иван Калеџи (Молдавија) 5-3
Поуфинале
Абдул Азиз Азизи – Роберт Алоиев (Украина) 1-8
За бронза
Абдул Азиз Азизи – Казманбет Батиров (УВВ)
Фото: УВВ
