Радио Кочани
Кочани

Вардар и Црвена ѕвезда собраа 100.000 евра за Кочани

333

Натпреварот меѓу Вардар и Црвена ѕвезда, кој се одигра пред осум дена на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, резултираше со прибрано околу 100.000 евра во хуманитарни цели.

Според директор на клубот Миленко Неделковски, откако ќе заврши процедурата парите преку Црвениот крст на Македонија ќе бидат префрлени кај семејствата од настраданите од големиот пожар во Кочани.

Првиот оперативец на најторфејнито македонски фудбалски клуб искажа благодарност за гостите од Белград кои прифатија да го одиграат овој натпревар.

Беа продадени околу 25.000 билети, а многу познати фудбалски имиња купија по неколку десетици билети и ги подарија на најмладите љубители на фудбалот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio