Радио Кочани
Кочани

МВР: Физички нападната жена во Кочани, лишен од слобода кочанчанец бидејќи поседувал прашката материја, лице од Виница починало откако му паднало дрво во пределот на главата

2,705

На 23.04.2025 во 17.30 часот во Полициската станица Кочани, 40-годишна жена од Кочани пријавила дека во нејзиниот дом и на улица „Раде Кратовче“ во Кочани била физички нападната од нејзиниот партнер В.Х. од Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.04.2025 во ОВР Виница било пријавено дека во 10.00 часот на место викано „Вртен камен“ во близина во с.Лески, виничко, Р.А.(53) од Струмица, со живеалиште во Виница, вршел сеча на дрва, при што едно дрво паднало и го удрило во пределот на главата, по што бил пренесен во Општа болница Виница каде што починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено семејството.

На 23.04.2025 во 10.30 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода С.А.(43) од Кочани затоа што ккај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio