Радио Кочани
Кочани

Мото клубот „Гремиум“ Македонија вчера во Кочани го прослави седмиот роденден (Видео)

1,916

Мото клубот „Гремиум Македонија“ постои веќе 7 години кај нас, а покрај одбележувањето на роденденот се славеше и отворање на новиот Chapter Gremium Скопје.
Во Кочанската населба „Бавчалук“ присуствуваа околу 400 членови на мото клубот Gremium од земјава и од странство, а Кочанските вљубеници на мотоциклизмот имаа можност да уживаат во звукот и глетката од над 300 мотоцикли на едно место.
Потоа следуваше забава до доцните вечерни часови во „Bad Boys Bar“ со добра музика ,скара и пиво.

Д.Михајлов

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе