Радио Кочани
Кочани

КК „Партизан“ – Тројца каратисти на Балканско првенство во Црна Гора

456

Според информациите што ги добивме одтренерот на КК „Партизан“, Оливер Коцев, тројца членови на клубот од Кочани и тоа Јован Арсов, Владимир Трајков и Леон Стефанов  патуват заедно со репрезентацијата на Балканско првенство за деца на возраст од 10 до 13 години што ке се одржи во Бар – Црна Гора од 26 до 28 овој месец.

Викендов  каратистите на тренерите Коцев и Петров настапија на Меѓународниот турнир „Солидарност ОПЕН 2023“ што се одржа во   Скопје. Еве ги податоците што ги добивме од клубот:

– Карате Клубот Партизан од Кочани настапи со 10 натпреварувачи од кои 5 освоија медали и тоа 1 сребрена и 4 бронзени сите во категоријата Кумите.

  1. Владимир Трајков – второ место помлади Кадети ( +57кг)

2.Лина Спасова – Трето место категорија деца ( -40 кг)

3.Стефан Гоцев – трето место категорија деца ( -48 кг)

4.Јован Арсов – Трето место во категоријата помлади Кадети ( +57 кг)

5.Мартин Арсов – Трето место во категоријата деца ( -42 кг)

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе