Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Свечена академија на учениците од ОУ „Раде Кратовче“ по повод патрониот празник
Вечерва, во Цетарот за култура „Бели мугри“ се одржа свечената академија по повод патрониот празник на ОУ „Раде Кратовче“.
На настанот се претставија ученици, хорот и поранешната ученичка Драгана Јорданова, а сега успешна музичка уметница.
По повод 100 години од делото „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, пензионираниот професор Доне Донев изведе монодрама посветена на животот и делото на Мисирков.
Во чест на прерано починатите Драгана Минова и Петар Ивановски, директорот Глигор Гацовски на нивните родители Моне и Зоран им врачи решенија за формирани училишни клубови кои ќе ги носат имињата на нивните Ангели.
Инаку, прославата на патрониот празник на училиштето продолжува в понеделник, 23 март, кога пред спомен бистата ќе биде положено свежо цвеќе.
