Радио Кочани
Кочани

Велигденски базар се одржа во ОУ “Крсте Петков Мисирков” во Оризари.

452

Учениците и родителите навистина се потрудија да имаат богати штандови со интересни и креативни велигденски украси и колачиња по повод најголемиот христијански празник Велигден.

Сите изработки беа продадени на базарот, а собраните средства од сите училишта ќе бидат наменети повторно за учениците, но овој пат за гостување на глумците од детската емисија “Дајте музика” кое би требало да се реализира во јуни оваа година.

Дел од средствата што ќе недостигаат за нивното гостување ќе бидат дадени од Општина Кочани. Инаку, во училиштето во Оризари беа доделени и дипломи на учениците кои беа најкреативни во своите изработки на најубаво украсено јајце, кои што учествуваа на распишаниот конкурс за најубав цртеж и најубаво украсено јајце.

Овие ученици така велигденски облечени во своите уникатни креации како пиленца ќе учествуваат со своја точка и настап утре на 13 април во Градскиот парк во Кочани на Велигденскиот хепенинг што го организира Општината по повод Велигден.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе