Радио Кочани
Кочани

Нови насади во разделното зеленило на „Тодосија Паунов“ и „Стево Теодосиевски“

163

Во рамките на пролетната акција за озеленување на јавните површини во Кочани, деновиве се засадени нови 1.000 садници – нискостеблести растенија и грмушки.

Озеленувањето е реализирано на улиците „Тодосија Паунов“, на потегот од Автобуската станица до „Жито ориз“ и на „Стево Теодосиевски“ од Двојниот мост до Стришани. Наредниов период, според временските услови, хортикултурно ќе се уредуваат и други локации, а ќе се врши обновување на оштетените и исушените насади.

Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio