Радио Кочани
Кочани

Не отворајте пораки со логото на УЈП !

690

Граѓаните да не отвораат порака на својот телефон која е со логото на УЈП, бидејќи таа е лажна и има за цел да да им бидат злоупотребени податоците на оние кои ја примиле пораката. Од Управата за јавни приходи соопштија дека вчера и во текот на денешниот ден непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички. Од УЈП апелираат граѓаните, ако добијат ваква порака, да не ја отвораат ниту пак да го пополнуваат формуларот кој е во пораката.

„Пораките се испраќани од овој телефонскиот број (+38979212628 )со следната содржина ,, Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija.“ Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи“, наведуваат од УЈП.

Од Управата за јавни приходи велат дека ги преземаат сите неопходни активности за справување со ситуацијата. Но денеска на мета на хакерски напади не е само УЈП, лични податоци на граѓани се бараат и преку електронска пошта која наводно доаѓа од Министерството за внатрешни работи. Но, и од оваа државна институција апелираат на посебно внимание, пораките да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани.

„Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба“, соопштија од МВР.

Минатата недела, неколку дена поради хакерски напад паднат беше системот и на Фондот за здравствено осигурување. Фондот соопшти дека не се исплаќаат боледувања, како и тоа дека не може да се отворат нови боледувања и породилни отсуства. Македонија подолг период е цел на хакерски напади и пријавување на лажни поставени бомби во училишта, трговски центри и слични локации мкаде има поголема фрекфенција на граѓани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе