Радио Кочани
Кочани

Утрешниот ден прогласен за ден на жалост во чест на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

217

Ваквата одлука била донесена на денешната владина седница како израз на солидарност и почит кон загинатите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, чиј број, според последниот биланс, се искачи на над 33 000

Националното знаме на земјава утре ќе се вее на половина копје.

Владата одлучи утрешниот ден (13 февруари) да го прогласи за ден на национална жалост во чест на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред неполна седмица ги погоди Турција и Сирија.

Ваквата одлука била донесена на денешната 103. владина седница како израз на солидарност и почит кон загинатите во земјотресот, чиј број, според последниот биланс, се искачи на над 33 000.

„За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на  Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Владата на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија“

се вели во владиното соопштение.

Во објава на Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски порача дека како држава и народ ќе продолжиме да бидеме солидарни и да им помагаме на оние кои загубиле сѐ.

 

Поради тоа Радио Кочани ФМ ќе емитува музика соодветна на денот на жалост.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе