Радио Кочани
Кочани

Одбележани 50 години од постоењето на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ Кочани

482

Денеска ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани одбележа 50 години од постоењето на детската градинка.

Со богата културно-уметничка програма подготвена од стручниот, воспитувачкиот и негувателскиот тим на детската градинка заедно со дечињата беше одбележан јубилејот пред полната сала во Мултикултурниот центар во Кочани.

-Одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на нашата установа основана во 1972 година е одбележување на растежот и развојот, создавање ден за ден, по еден дел од мозаикот на градинката, којашто 50 години создава еден современ, модерен втор дом за сите деца од различни возрасни групи што престојуваат тука – истакна Јованка Ефтимова, в.д. директор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов честиташе на целиот тим на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани кои се вклучени во секојдневното несебично вложување, како за работата на градинката, така и за воспитувањето и грижата кон нашите најмили, дечињата. Воедно им заблагодари и на сите пензионирани поранешни вработени, кои исто така дале свој допринос во детската градинка.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе