Радио Кочани
Кочани

Проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“ на Општина Кочани избран за победнички проект

522

По објавениот повик насловен како „Спроведување на мали проекти во областа на енергетиката, климатската заштита и транспортот за општини и градови од Македонија“,  приложениот предлог проект од страна на Општина Кочани „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“ е избран како еден од победничките проекти кој ќе добие финансиска и техничка поддршка од проектот ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој.

Проектот „Паметно мерење и управување на енергијата  во системот за јавно осветлување“ е чекор напред кон модернизацијата и управувањето со енергијата во системот за јавно осветлување. Целта на проектот е да се воспостави модерен и паметен систем за мерење и управуање со јавното осветлување во Општина Кочани, што би довело до заштеда и поефикасно искористување на електричната енергија за јавно осветлување на територија на Oпштина Кочани.

Со овој проект се планира да се надградат постојните улични кабинети преку кои се вклучуваат група на светилки со паметна и енергетска опрема, со што ќе се постигне значително подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе