Радио Кочани
Кочани

Утре 19ти декември, православните верници го чествуваат Свети Никола -Не заборавајте да ги испочитувате овие стари обичаи

574

Утре 19ти декември, православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува зборза посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба.

Многубројни обичаи се поврзани со денот на славата, но има и некои поврзани со вечерта пред оваа слава.

Христијаните веруваат дека Свети Никола е чудотворец и дека многу чуда се случуваат од неговите чудотворни мошти, од кои постојано тече свето миро, кое се користи за исцелување на болните.

Овој светец спасил заглавени и изгубени бродови, па затоа се смета за светец-заштитник на морнарите. Затоа морнарите често го повикуваат во опасни ситуации или бродоломи.

На овој датум, сите бродови, каде и да се, ги пуштаат сидрата и остануваат мирни до следниот ден, давајќи му слава на овој светител. Во пресрет на празникот, бродовите често застануваат додека морнарите му се молат на светецот и потоа го продолжуваат своето патување.

Со своите чудотворни сили, Свети Никола им помага на сите што му се обраќаат за помош во болести, слабости и душевни страдања.

Многубројни обичаи се поврзани со денот на славата, но има и некои поврзани со вечерта пред оваа слава.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе