Радио Кочани
Кочани

Шабан Трстена: За Ипон.мк на Венцо Донев „Златен олимписки оскар“

1,012

Порталот Ипон.мк на новинарот Венцо Донев од Кочани е еден од добитниците на „Златните олимписки оскари“, што го доделува Шабан Трстена, легенда на спортот во Македонија и шампион во борење слободен стил од ЛОИ 1984 година.
Трстена ова признание го додели шеста година по ред, по негов избор, на личности и институции кои го подржувале во неговата кариера.
Свечената церемонија на доделувањето на олимписките оскари на Шабан Трстена годинава се одржа во хотелот „Александар палас“ во Скопје.
Меѓу добитниците на „Златните олимписки оскари“ беше и единствениот специјализиран портал за боречки вештини во Македонија, Ипон,мк на Донев. Останатите четири добитници се редакцијата на Екипа,мк, Кирил Манев, Шабан Синани и новинарот од Приштина, Кемал Гоца.

Претходните години, добитници на „Златните олимписки оскари“ беа и претседателот на МОК, Васил Тупурковски, Агенцијата за млади и спорт, поранешнит селектор на боречката репрезентација, Насе Насев, Милош Вучидолов – доктор на репрезентацијата и Хајруш Синани како негов тренер. Добитници на ова признание се и доајените на македонското спортско новинарство, Миодраг Мицковиќ, Атанас Костовски, Зоран Михајлов, косовскиот новинар Агим Касаполи, новинарите Решат Ибраими и Атанас Кировски, публицистот Сефер Тахири…

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе