Радио Кочани
Кочани

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кочани и Градот Дарувар

62

По иницијатива на Македонската заедница во Хрватска и д-р Бојан Игнатовски, градоначалникот на Градот Дарувар Дамир Лненичек и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов потпишаа меморандум за соработка меѓу двете локални самоуправи.

Со овој меморандум се воспоставува основа за поинтензивна соработка во сите области од заеднички интерес во надлежност на локалните самоуправи, преку размена на искуства, развивање партнерски односи и реализација на заеднички активности и проекти.

На средбата беше истакнато дека поврзувањето на локалните заедници и унапредувањето на пријателските односи претставуваат значајна основа за создавање нови можности за соработка што ќе придонесат за развојот и напредокот на двете средини.

Потпишувањето на меморандумот претставува значаен чекор кон натамошно продлабочување на меѓусебните односи и отвора можности за конкретни заеднички иницијативи во наредниот период.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio