Радио Кочани
Кочани

По вториот уписен рок: Во двете средни училишта во Кочани запишани вкупно 253 ученици

447

Со завршувањето на второто пријавување, во двете средни училишта во Кочани – СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ – се запишани вкупно 253 ученици за учебната 2026/2027 година.

Во СОУ „Љупчо Сантов“ се запишаа 137 ученици, од кои 136 во првиот и еден ученик во вториот уписен рок.

Во СОУ „Гошо Викентиев“ се запишаа 116 ученици.

Најголем интерес има за струката Електротехника и информатички технологии, каде се запишани 65 ученици, додека во Машинство се запишаа 29, а во Сообраќај, транспорт и складирање 22 ученици.

Податоците покажуваат дека интересот за стручното образование и понатаму е значителен, а учениците сè повеќе ги препознаваат можностите што ги нуди практичната настава и стручната подготовка.

Во првиот уписен рок во СОУ „Љупчо Сантов“ се запишаа 136 ученици, а во вториот уште еден ученик, со што вкупниот број достигна 137. Задоволни сме од резултатите од уписите, кои потврдуваат дека интересот за стручното образование и понатаму е голем. Тоа е потврда дека учениците ги препознаваат придобивките што ги нуди нашето училиште – квалитетна практична настава, стекнување применливи знаења и вештини, како и можностите за полесно вработување или продолжување на високото образование. Како училиште остануваме посветени на обезбедување квалитетно образование, современи услови за работа и континуирано унапредување на наставниот процес, изјави за Радио Кочани Катерина Димитрова од СОУ „Љупчо Сантов“.

Инаку, Третото пријавување за упис во средно образование во Македонија ќе се реализира на 20 август, а првите две беа од 12 до 15 јуни и на 23 јуни .

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio