Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
53 годишен маж од Кочани тешко повреден додека работел во виничко
На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани.
Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител.
