Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на живот. Во текот на дводневната спортска манифестација, учесниците ќе се натпреваруваат во повеќе категории, а организаторите очекуваат успешна реализација на јубилејното издание на Медикал Опен.