Радио Кочани
Кочани

ЖФК „Кочани“ и следната сезона ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига

126

Екипата на ЖФК „Кочани“ и следната сезона ќе настапува во Првата женска фудбалска лига, откако во бараж натпреварот во Ѓорче Петров со 7:3 го совлада „Билјанини Извори“ од Охрид.

Охриѓанки одлично го отворија мечот и по само осум минути водеа со 2:0 со головите на Јулчовска и Николовска.

Сепак, Кочани преку Милеска и Донева израмни на 2:2 до паузата.

Во второто полувреме следуваше целосен пресврт.

Кицара погоди за 3:2, а потоа Велиновска и Милеска ја зголемија предноста на 5:2.

До крајот Стојанова и Кицара постигнаа уште два гола за Кочани, додека Ристова со атрактивен погодок ги постави конечните 7:3.

Со оваа победа, Кочани обезбеди опстанок во елитното друштво и следната сезона ќе биде дел од Првата женска фудбалска лига.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio