Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Угостителските објекти во текот на летниот период имаат продолжено работно време за еден час.
Согласно важечките прописи, рестораните, кафулињата и останатите угостителски објекти можат да работат до 1 часот по полноќ секој ден во неделата, а оваа можност важи заклучно со 31 август.
Продолжувањето на работното време е практика која се применува во периодите кога има зголемена посетеност на угостителските објекти, особено во текот на летните месеци кога граѓаните повеќе време поминуваат на отворено и во вечерните часови.
Покрај летниот период, продолженото работно време се применува и во зимскиот период, од 25 декември до 15 февруари, кога угостителите исто така можат да работат еден час подолго од вообичаеното.
Од надлежните институции потсетуваат дека угостителските објекти и понатаму се должни да ги почитуваат прописите поврзани со јавниот ред и мир, како и дозволените нивоа на бучава.
Граѓаните кои ќе забележат прекумерна бучава по дозволеното работно време можат да ја пријават до овластениот инспектор за животна средина во својата општина, кој е надлежен да постапува по ваквите пријави.
