Радио Кочани
Кочани

Распоред за Духовденска задушница во Кочани

568
Од Кочанско архиерејско намесништво информираат дека по повод Духовденската задушница на 29 и 30 мај ќе се одржат молитви за упокоените на Градските гробишта во Кочани, како и литургија за упокоените во Храмот „Св. Вмч. Георгиј“ Кочани.
В петок, 29 мај, со почеток од 17:00 часот, свештенството ќе биде распоредено на повеќе локации на старите и новите гробишта:
од старите гробишта кај пругата кон новите, над капелата од десната страна кон старите гробишта, над водовод куќичката кон старите гробишта.
Во сабота, 30 мај, од 07:00 часот, молитвите ќе продолжат:
над капелата од левата страна кон новите гробишта, над водовод куќичката кон новите гробишта, од новите гробишта во правец кон старите.
Истиот ден, со почеток во 07:00 часот, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ ќе се служи и литургија за упокоените.
Од свештенството информираат дека сите граѓани кои нема да бидат во можност да чекаат на гробиштата поради зафатеност, можат да донесат вино и пченица во храмот, каде што по завршувањето на литургијата ќе бидат прочитани молитви за нивните упокоени.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio